Погледнете кои пијалоци можат да ви помогнат да бидете задоволни со вашата линија, особено со рамен стомак, пишува веб страната fitbie.com.
Вода со вкусови
Хидратацијата е многу важна кога сакате да ослабите. Ако пиете многу вода, му помагате на организмот да го одржува оптималното ниво на течности, но и да ја спречи појава на подуеност. Исто така, на тој начин го одржувате чувството на ситост. Ако не сакате да пиете обична вода, почестете се со вода со вкусна арома
Фрапе од лубеница
Ако ги подготвувате без шеќер, фрапеата се одличен начин да се освежите без грижа на совест. Лубеницата е одличен избор на нискокалоричниот составен дел. Не само што е природен овој начин на хидратација поради високата содржина на вода, лубеница содржи многу лековити состојки, вклучувајќи ликопен, познат по превентивното дејство на појавата на рак. Лубеницата содржи и амино киселина аргинин, која во организмот ја намалува маснотијата и го поттикнува зголемувањето на мускулната маса.
Шејк од чоколадо
Чоколадото, особено она со висока содржина на какао, всушност може да ви помогне да ослабнете. Кралицата на слатките го намалува апетитот и ја спречува појавата на “напад на глад”. Меѓутоа, овој пијалок може да содржи и до 400 калории, па повеќе спаѓа во оброк отколку во ужина.
Ладен чај од Нане
Овој пијалок е одличен начин да се освежите, но и да се ослободите од маснотиите на стомакот. Чајот од Нане му помага на организмот да се отстрани прекумерната маснотија, но и го подобрува варењето на мрсна храна, а со тоа ја спречува надуеноста.
Фрапе од ананас
Пијалокот од ананас ќе ве однесе во тропските краеви, а на вашиот организам ќе му помогне да се ослободи од вишокот на килограми, особено оние на стомакот. Ананасот содржи ензим бромелаин кој помага да се разградат протеините, го олеснува варењето и ја спречува појавата на надуеност.
Зелен чај
Покрај тоа што делува превентивно на појавата на рак и срцеви заболувања, зелениот чај содржи катехини, антиоксиданти кои можат да влијаат на намалувањето на маснотиите на стомакот. Ако пред физичка активност испиете зелен чај, можете да согорите повеќе маснотии во текот на вежбањето.