ColourPop создаде генијална колекција на шминка, инспирирана од принцези, кои ги обожававме во детството.
Што се случува кога ќе соедините две големи имиња од сосема различни светови – Дизни и ColourPop – генијална колекција на шминка, секако!
За една недела во продажба ќе биде пуштена ограничена ColourPop колекција која била создадена во соработка со Дизни, и е инспирирана од принцезите што сите ги обожававме во детството.
Од сенките за очи од бајките до кармини за усни достојни на црвениот тепих, оваа колекција ни дава квалитетни производи, кои ќе ве однесат во светот на фантазијата, а во продолжение ќе ви откриеме што точно ве очекува во колекцијата.