Плитвички езера

popara25 септември, 20181min00
plit6

Ретко каде природата на човекот може да му даде толку многу задоволство како на Плитвичките езера.

Играта на водата, зеленилата и камењата едноставно ќе го маѓепса секого!

За национален парк беа прогласени уште во 1949 година, а на нивната убавина не можеше да одолее ниту УНЕСКО, и ги вметна на својата листа на светски наследства, како една од првите природни атракции на овој ценет попис!

Плитвичките езера се најголем и најпосетен хрватски национален парк. Составени се од 16 езера, поделени на горни (12), од кои водата преку пенливите каскади и водопади се прелива во долните езера (4). Горните езера се поголеми и подлабоки, додека долните помали и поплитки.

Тука се наоѓа и најголемиот водопад во Хрватска, Големиот водопад, висок 78 метри, како што вели информационата плочка поставена покрај него. Освен според висината, од останатите водопади се разликува според тоа што настанува со удирање на вирот низ стрмнината, додека останатите водопади формираат езеро.

Кога од Големиот водопад ќе продолжи да се движи кон горните езера, тие постојано едноставно ќе ви сервираат прекрасни сцени. Ако имате среќа со времето, ќе можете да уживате во тиркизните бои на Плитвичките води, кои речиси не се разликуваат од бојата на најубавите морски заливи на некој идиличен остров! Бистрата вода е исполнета со риби, најмногу клен и пастрмка.

Но, Плитвичките езера не се богати само со вода, туку и со шуми, кои ги населуваат сите три најголеми европски предатори – кафеава мечка, рис и волк. Тамошните шуми се богати со ендемски растенија од овие области на Европа. Ендемите на Плитвичките езера се само дел од богатата популација на билки, вкупно се 1267, меѓу кои 22, се заштитени во Хрватска.

На крајот неколку практични совети.

Ако се одлучите за посета на Плитвичките езера, прво се прашувате дали да ги посетите во зимската или во летната сезона. Нашиот одговор е – и во двете!

Додека пролетта, летото и есента нудат многу вода и водопади, зимата си ја носи својата магија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag