Конечниот пад на сексуалниот предатор: Во текот на изрекувањето на пресудата некогаш омилениот актер не трепна

popara26 септември, 20181min00
ккк

Американскиот актер Бил Козби беше осуден на три до десет години затвор за сексуална злоупотреба на жена во својот дом во 2004 година, што беше последен чекор во неговиот пад од најомилен татко од популарната серија Cosby Show до затвореник.

Неговото барање за кауција беше одбиено, а по изрекувањето на пресудата, актерот го соблече своето сако, вратоврска и часовник, по што со лисици на рацете беше изнесен од судница и однесен во затвор.

Бил Козби не покажа никаква реакција на пресудата, која е многу близу до максималната казна што може да му се изрече, а во затвор ќе помине најмалку три години. Потоа може да побара условна казна и остатокот да го служи надвор од решетките.

– Ова е сериозно злосторство – изјави судијата кој го одби барањето на одбраната да му пресуди на Бил Козби домашна затворска казна, истакнувајќи дека неговото злосторство имало големо влијание врз жртвата Андреа Констанд врз нејзиното семејство.

Пресудата на 81-годишниот актер беше донесена претходно оваа година, а сега е правосилно осуден за тоа што на Андреа Констанд пре 14 години во својот дом во Филаделфија и дал апчиња и потоа ја силувал.

Тој тврдеше дека била под стрес и дека со апчето сакал да ја опушти, како и дека не се спротивставила, а таа тврдеше дека од таа дрога паднала во несознание и дека тогаш ја силувал.

Дури 60 жени во текот на изминатите децении јавно го обвинија актерот за сексуална злоупотреба, но само ова обвинение е изнесено пред судот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag