Фудбалeрот Кристијано Роналдо во последните неколку денови е во центарот на скандалозните случувања. Американката Катрин Мајорга тврди дека познатиот португалец ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година.
Таа уште тогаш го обвини, но подоцна постигнаа договор во кој не беше вклучен судот, во кој било договорено Кетрин да молчи, а за возврат добила 375.000 долари.
Катрин денес има 34 години и одлучи да го поништи нивниот договор, бидејќи поради траумата која ја доживеала имала и неколку нервни слома. Иако португалецот ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека неговото име се злоупотребува за промоција, полицијата, сепак, започна истрага.
И додека едни се прашуваат дали Роналдо ќе биде во низата на оние чија кариера е уништена поради некој скандал, други се прашуваат дали неговата љубов со Георгина ќе го преживее ова искушение.
– Секогаш поминуваш преку сите препреки кои ти застануваат на патот и ја покажуваш твојата сила и колку си одличен. Стануваш се подобар и подобар. Те сакам – младата манекенка јавно го поддржа Роналдо и им покажа на сите дека ништо не може да ја разниша нивната љубов ….