Пилешко месо маринирано во зачини, па свиткано заедно со пиперките, е супер едноставно и навистина вкусно јадење.
Состојки
- Маринада
- 2 лажици маслиново масло
- 1/2 сок од лимон
- 1 резне лук
- 1 лажичка чили
- 1/2 лажичка ким
- 1/2 лажичка оригано
- 1/2 лажичка сол
- 2 лажички коријандер
- 2 пилешки гради
- 1-2 жолти пиперки
- 1-2 зелени пиперки
ПОДГОТОВКА
Најпрво подгответе ја маринадата, така што во сад за мешање ќе ставите масло и лимонов сок, па додадете сецкан лук, чили, ким, оригано, сол и сецкан коријандер. Измешајте ги добро сите состојки и префрлете ги во кеса за готвење. Измијте го месото, исечете го на половина, и нежно изудирајте го со кујнски чекан, а потоа додадете го во кесата заедно со маринадата. Затворете ја кесата и оставете го месото да се маринира 2часа или во текот на ноќта.
Стевете го маринираното месо на рамна површина, и сочувајте ја маринадата, пиперките исечете ги на парчиња и на секое парче месо, ставете по 6 парченца пиперки. Секое парче месо роловајте го со пиперки, зацврстете го со чепкалки и ставете го во сад за печење. Месото премачкајте го уште еднаш со остатокот од маринадата.
Ролованото пилешко ставете го во загреана рерна и печете го на 190 степени 25-30 мин. Печеното пилешко префрлете го во чинија за сервирање и како прилог додадете варен ориз и сезонска салата.