Подади рака

3 октомври, 20180
helping

Мајката која имала  желба да го поттикне напредокот на нејзиниот син во свирењето на пијано, купила билети за претставата на големиот полски пијанист Игнас Падеревски. Кога пристигнала вечерта, тие ги пронашле своите седишта во близина на бината во концертната сала и го гледаа величенственото пијано Стејнвеј  на сцената , додека чекаа да се појави изведувачот. Набрзо мајката најде пријател за разговор, а момчето се искраде.

Во осум часот, светлата во салата почнаа да се намалуваат, се запалија рефлекторите, и дури тогаш тие го забележаа момчето  како седи на клупата до пијаното, невино свирејќи ја “Twinkle, Twinkle Little Star”. Неговата мајка беше вчудоневидена, во шок и засрамена, но, пред да проба да го симне својот син од сцената, самата ѕвезда се појави на сцената и брзо се доближи до клавијатурата.

Нежно му шепна на момчето: “Не престанувај. Продолжи да свириш”. Падеревски се наведна и со левата рака почна да свири и да го надополнува делот од песната со бас. Набрзо ја испружи и неговата десна рака од другата страна и импровизираше прекрасно облигато. Заедно, стариот музичар и младиот почетник ја оставија публиката вчудоневидена од нивната измешана и убава музика.

Во сите наши животи, добиваме помош од туѓи раце – некои ги забележуваме, некои не. Подеднакво и ние имаме безброј можности да пржиме рака некому – понекогаш сакаме нашата помош да биде забележана, но понекогаш  не. Малку од она што го постигнуваме е без учење од другите и без нивна помош, но она што го добиваме треба да го споделиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi