БОЈАТА НА ЛУКСУЗОТ И МОЌТА: OБНОВЕТЕ ЈА ОБЛЕКАТА СО ВИОЛЕТОВИ ПАРЧИЊА КОИ ЌЕ ИЗМАМУВААТ ВОЗДИШКИ

popara9 октомври, 20181min00
0

Запловете во царството на бојата која никогаш нема да ве изневери бидејќи му одговара секому, а секогаш изгледа гламурозно и женствено.

Виолетовата боја е поврзана со луксуз, моќ, амбиција, достоинство и мудрост, а експертите велат дека тоа е една од ретките што во исто време ве смирува и дава енергија.

Оваа фасцинантна женствена боја е еден од тивките трендови на актуелната сезона, па затоа е идеална за секој кој сака да се облекува оригинално и да биде свој, а сепак во чекор со времето.

Русокоси, бринети, црвенокоси и црнокоси, сите можат да уживаат во магијата на прекрасната виолетова, важно е само да се пронајдат нијансите кои ќе одговараат со бојата на тенот и ќе се усогласат со веќе постоечкиот моден израз.

Темно-виолетовата боја и бојата на модриот патлиџан се идеални за класичарките и модно срамежливите жени,  лавандата е совршена за романтичните души, а вибрантната и силна виолетова боја е одличен избор за трендовските девојки кои што не се плашат од вниманието.

Од лакот за нокти до храбрите чизми, ова се нашите фаворити!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag