Пејачката е во болница поради “емоционален стрес“.
Пејачката Селена Гомез е во психијатриска установа на лекување, откако минатата недела два пати ја посети болницата, пишува TMZ. Младата пејачка првиот пат отишла во болницата поради лошите резултати од крвта, во врска со минатогодишната трансплантација на бубрег.
Таа беше примена и по неколку дена пуштена од болницата, по што општата состојба повторно и се влоши. Поради здравствените проблеми, дошло до “емоционален стрес”, поради што Селена сега е сместена на психијатрија.
Наводно, пејачката, кога била примена во болницата поради лошата здравствена состојба, побарала од докторот да ја отпушти, но тие не сакале да го направат тоа. Потоа таа “полудела и ја извадила инфузијата од рака”, тврдат блиски извори на пејачката.
Селена во предходните интервјуа не криеше дека се бори со анксиозност и депресија и сега е во психијатриска институција каде што секојдневно оди на терапија, пишува TMZ.