Поранешниот играч на бејзбол, Алекс Родригез, е во врска со пејачката Џенифер Лопез околу една и пол година, но изгледа како парот да се “познава“ одамна.
“Речиси пред 20 години, светската поп-ѕвезда ја потпиша оваа фотографија за младиот бејзбол играч”, напиша Алекс Родригез на Инстаграм под фотографијата со автограм на Џенифер Лопез и ги разнежни сите негови обожаватели.
Всушност, фактот дека овој спомен поранешниот безбол играч го чува речиси две децении може да открие некои работи за парот што медиумите не ги знаат. Освен што тој бил голем обожавател на Џенифер, многу порано пред да бидат во врска, можеби сите овие години чекал судбината да ги спои. Како и да е, убаво и толку романтично, нели?
Популарната пејачка и А-Род, започнаа да се гледаат во март 2017 година, а како што се прилично неразделни и често модно се совпаѓаат, како голем дел од познатите парови, тие добија заеднички прекар J-Rod.