Познатата актерка не воодушеви со изборот на необичниот фустан.
Натали Портман во последно време не ја гледавме на црвениот тепих, но потоа не воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Венеција, а со одлични модни комбинации продолжи и по фестивалот.
На настанот Variety’s Power of Women во Лос Анџелес, позната актерка се појави во прекрасен црн фустан со невообичаен дезен на диви животни од последната колекција на Dior и докажа дека и црнoто може да изгледа многу интересно. Едноставната права коса и минималистичката шминка совршено ја истакнаа нејзината природна убавина.