НАЈЛОШИТЕ МОЖНИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ШТО САКААТ ПИВО: Поради глобалното затоплување овој пијалок никогаш нема да биде ист!

popara17 октомври, 20181min00
pivo

Лоши вести може да очекуваат и љубителите на кафе, чоколадо и вино.

Глобалното затоплување може да доведе до тоа некои од “животните уживања“, како што се кафето, чоколадото, виното и пивото да станат потешко достапни и поскапи, велат научниците.

Се подолгите периоди на екстремно топло време, топлотни бранови и суши можа во иднина да предизвикаат голема штета во производството на јачмен, клучната состојка на пивото. Меѓународниот тим на истражувачи процени дека загубите може да изнесуваат и до 17% од придонесот. Ова би значело дека просечната цена на пивото би се зголемила двојно, се наведува во една студија објавена во списанието Nature Plants. Во земјите каде што пивото е скапо, како што е Ирска, цените можат тројно да се зголемат.

Во некои земји цените на пивото би можеле и тројно да се зголемат. Наодите беа објавени една недела, откако извештајот на ОН ги опиша последиците од опасното ниво на климатските промени, вклучувајќи ги и зголемените недостатоци на храна и вода, топлотните бранови, зголемувањето на нивото на морето и болестите. Еден од авторите на истражувањето, Стив Дејвис, рече дека е спроведено истражување за пиво за да се прати јасна порака дека климатските промени имаат штетно влијание врз најразновидните аспекти на секојдневниот живот.

Неколку научници кои не учествувале во истражувањето сугерираат дека ова е добар и поефективен начин за да се објават опасностите од глобалното затоплување. Американскиот земјоделски еколог Дејвид Лобел вели дека во науката долго време се знае дека јачменот е “меѓу растенијата најосетливи на топлина”, но дека истражувањето го поврзува со нешто што луѓето навистина го сакаат, цената на пивото и затоа е вреден. Стив Дејвис е, исто така љубител на  ИПА пивото и е еден од оние кои се грижат за тоа.

 “Ова истражување е создадено од љубов и страв“ вели тој.

Јачменот се користи ширум светот за многу различни работи, најмногу за хранење на добитокот. Помалку од 20% од јачменот во светот се користи за пиво. Но, во САД, Бразил и Кина, најмалку две третини од тие житарици завршуваат во пивски пакувања, шишиња, буриња и лименки. Дејвис и неговите колеги ги разгледаа само ефектите на комбинираните топлотни бранови и суши, а не и на општо затоплување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag