
Популарната пејачка ги израдува фановите со нова песна и спот.
Елена Ристеска и изведувачката куќа со гордост го претставија видеото за новата песна “Сила за крај”. Како автор на музиката и текстот, е потпишан Сергеј Четковиќ , а гласот на Елена освојува при првото слушање. Ристеска е препознатлива по моќниот глас што не го остава никого рамнодушен, а оваа поп-балада ја отпеа со посебна емоција.