Кајли не воодушеви со својата маска за Ноќта на вештерките.
Ноќта на вештерките е еден од најпопуларните празници во Америка, а славните личности едноставно го обожаваат и едвај чекаат да ги покажат своите костими и маски на социјалните мрежи. Една од нив е и Кајли Џенер, која оваа година стана Барби кукла и таа навистина нѐ восхити. Како Барби кукла, Кајли сними цел едиторијал со помош на фотографот Greg Swales, а за потребите на снимањето обезбедила и Барби автомобил, како и пакување во големина на човек, а сите парчиња облека за симањето ги изработи дизајнерот Bryan Hearns.