Воената секира сепак не е закопана: Сара Џесика Паркер проговори за својата колешка од култната серија „Sex and the city“

popara6 ноември, 20181min00
s&s

Иако Кери и Саманта беа идеал за женското пријателство, тоа не се покажа така во вистинскиот живот каде што не се поднесуваат една со друга.

Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Кетрал ја толкуваат неразделната двојка Кери и Саманта во култната серија “Сексот и градот”. Сепак, во реалниот живот тие не се согласуваат многу добро. Иако Сара Џесика тврдеше дека никогаш не биле во кавга, таа неодамна реагираше на гласините во кои се тврди дека на нејзината колешка и испратила подарок за да ја ублажат ситуацијата.

View this post on Instagram

Iconz 🍸#satc #sarahjessicaparker #kimcatrall

A post shared by Bosh Babe (@boshbabexoxo) on

Нејзиниот одговор потврди дека овие две дами се далеку од пријателки.

Не морам да и испраќам никакви подароци на Ким, бидејќи никогаш ништо не сум и направила. Сепак, таа од друга страна одлучи да каже многу за мене, но тоа е убавината на животот во демократија “, заклучи Сара. Нетолеранцијата на двете актерки се зголеми по идејата за снимање на третото продолжение на филмот “Сексот и градот”.

https://www.instagram.com/p/BbPmhpKFc6F/?utm_source=ig_embed