Знаеме од каде да го набавиме фустанот со пердуви кој Кендал Џенер го обожава!
13 ноември, 20180
И Кендал Џенер обожава high-street парчиња.
По големата недела во која заблеска на ревијата на „Victoria’s Secret“, Кендал Џенер се појави на доделувањето на Revolve Awards Лас Вегас, каде што ја освои наградата Icon of the Year.
Како и секогаш, Кендал нè воодушевува со нејзините комбинации на облека, а овој пат таа носеше прекрасен црн фустан со пердуви од брендот Revolve, а најдобро од сè е дека цената на фустанот е достапна и сè уште е во продажба. Фустанот наречен Aurora е достапен во веб-продавницата на брендот Revolve и е со цена од околу 135 евра. Елегантиот фустан, Кендал го искомбинира со проѕирни Yeezy чевли.