Познато е дека големите ѕвезди имаат посебни барања кога одат на музичка турнеја и често претеруваат. Кајли Џенер и Тревис Скот се едни од нив.
Ѕвездата од реалното шоу и нејзиниот невенчан сопруг се едни од оние кои имаат посебни барања кога патуваат. Џенер во последно време го придружува пејачот на неговите настапи, а друштво и прави нејзината десетмесечна ќерка, Сторми Вебстер.
Познатиот пар секогаш резервира две хотелски соби. Една за нив, а другата верувале или не, за нејзините шминки.
-„Тревис и јас имаме сопствена соба, но јас секогаш зимам уште една соба за мојата облека и шминка, како и за Сторми за да има место за играње, бидејќи секогаш патува со нас“, открива Кајли во нејзината најнова објава.