
Victoria не престанува да не изненадува
Викторија Бекам, последниве неколку месеци не престана да не изненадува, по неколкугодишни неутрални монохроматски комбинации и верност кон минимализмот, таа одлучи да внесе промени во нејзиниот гардеробер, така што веќе имавме можност да ја видиме во одело со интензивна црвена боја и тренди модел на змиска кожа, а се чини дека таа не можеше да одолее ниту на трендот со неонски бои.
Се разбира, таа остана верна на себе, па едноставната комбинација на бела кошула и широки црни панталони ја искомбинира со неонски детали, а станува збор за циклама чевли кои навистина прекрасно се вклопија во комбинацијата.
Обожаваме кога Викторија експериментира и едвај чекаме да видиме какви други невообичаени трендови ќе проба оваа сезона.

