Пејачката со стил кој ќе го посакате.
Стилот на 90-тите не излегува од мода и Џенифер Лопез е свесна за тоа. Пејачката и актерка неодамна се појави на снимање на нејзиниот нов филм во црна комбинација која потсетува на стилот кој го носеше нејзината колешка Џенет Џексон пред речиси 30 години.
Црниот кожен мантил понекогаш знае да биде тешко модно парче за модерна комбинација и често може да додаде неколку години плус на целокупниот изглед, но не и на Џенифер. Таа совршено го искомбинира со високи црни чизми, кожна капа и големи златни обетки.
Многумина не би се осмелиле да излезат во монохроматска кожна комбинација од страв дека ќе изгледаат како член на Village People, но на пејачката и стои како слеано. Во моментов, Лопез се подготвува за свадбата со Алекс, за која многумина тврдат дека ќе биде една од најголемите свадби во Холивуд.