Тие беа заедно само четири месеци.
Откако ја раскина врската со десет години постарата пејачка Шерил Кол, со која го има синот Бер, 24-годишниот пејач Лиам Пајнер, поранешен член на групата „One Direction“, фрли око на уште постара убавица, Наоми Кембел, 48-годишен модел. Сепак, според списанието „The Mirror”, тие одлучија да се разделат по само четири месеци.
„Лиам и Наоми убаво се забавуваа заедно, но одлучија секој да продолжи по својот пат”, изјави извор близок до парот и додеде дека одлучиле да останат пријатели.
Ова не е прв пат да се пишува за заладување на нивните односи. Во февруари, извор за „The Sun“изјави дека Наоми му рекла на Лиам да не очекува долгорочен однос и дека не треба премногу да се врзува за неа.
Потсетуваме, откако тој ја прекина врската со десет години постарата пејачка Шерил Кол, наводно, почнал да се гледа со 18-годишната Маја Хенри, но набрзо потоа своето внимание го пренасочи кон постара жена.