Procida и Ischia: Запознајте се со најубавите острови на Италија кои ќе ве освојат на прв поглед

popara28 мај, 20192min00
tour_img-1110096-148

Тука животот е шарен и весел, во ритамот на морето и брановите.

Јужниот дел на Италија е можеби сиромашeн и несреден, но затоа е разигран и темпераментен.

Затскриен во заливот на Неапол, Прочида е мал, но густо населен остров.

Таа припаѓа на регионот Campania, со околу 10.000 жители. За Procida, се вели дека е многу пошарена од многу познатиот конкурент од југ, Capri.

Marina Corricella е најстариот дел на пристаништето каде што се закотвени рибарските бродови, а шарените куќи прават противтежа на темно сината боја на морето.

Најблиската плажа е само неколку минути оддалечена, но препорачана е малку подалечната Chiaiolella.

Таа се смета за најубав и најдолг остров, особено сакан од младите луѓе.

Исто така има и многу барови каде што можете да се одморите и освежите додека го гледате зајдисонцето.

На другата страна на островот е плажата Chiaia, што е малку недостапна бидејќи патот до неа поминува низ повеќе од 180 скали, но затоа е затскриена и мирна, заштитена од ветерот и брановите, со изобилство на плитки места и затоа е идеална за семејства со деца.

Во близина на Процича се наоѓа поголемиот и попознат остров Ишија.

Од античките времиња беше познат по своите корисни ефекти на вулканската кал и минералите, но не заостанува ниту со прекрасни плажи.

Најпопуларни се Чаво Градо и Маронти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag