Поранешната сопруга на Џеф Безос се „олесни“ за повеќе од 15 милијари долари: На што ги потроши Мекензи парите?

popara31 мај, 20191min00
мекензи

Мекензи Безос, поранешната сопруга на основачот на компанијата Amazon, Јеф Безос, објави дека половина од своето богатство, стекнато по разводот, ќе го донира за хуманитарни цели.

Богатството на Мекензи Безос е проценето на околу 37 милијарди долари. Таа и милијардерот Џеф Безос се разведоа на почетокот од оваа година, а Мекензи доби 4% од акциите во компанијата.

Таа ја потпиша иницијативата The Giving Pledge, основана од страна на Мелинда и Бил Гејтс и Ворен Бафет во 2010. година, со цел да ги охрабрат богатите луѓе да го споделат “вишокот” заработени пари со оние кои немаат.

-Има многу работи во нашите сефови што можеме да ги споделиме со другите”, напиша поранешната сопруга на најбогатиот човек во светот на веб-страницата на иницијативата  The Giving Pledge.

The Giving Pledge досега брои 204 индивидуи, двојки и семејства од 23 земји.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag