Ако сте гладни, а сте изморени за готвење, тогаш ова е идеален рецепт за вас. Брза подготовка, а храната е превкусна.
Состојќи:
- 2 тортиљи
- 400гр. пилешки стек
- 1 кромид
- 150гр. пченка
- 150гр. грашок
- 150гр. трапист сирење
- Маслиново масло
- Суви билни зачини
- Бибер
- Павлака
Подготовка:
На маслиновото масло динстајте ги кромидот и пилешкото, а потоа зачинете ги. Во истата тава, загрејте ја тортилата на која ќе го рендате кашкавалот. Во подготвеното месо додадете ги киселата павлака, грашокот и пченката и добро измешајте. Ставете ја смесата на тортиљата и покријте ја со другата тортилја. Исечете ги на четвртини и уживајте!