Откако со пријателките беше во посета на Сен Тропе, каде се одмораше на јахта, а вечерта ја помина во прошетка низ градот, славната британска манекенка, денес и сопственичка на модната агенција Kate Moss, се закотви во Портофино, Италија.
Таму, фотографите ја снимиле како скока од луксузната јахта, облечена во едноставен костим за капење, прикажувајќи ја витката линија по која е препознатлива 45-годишната Британка.
Оттаму енергичната Kate, заедно со своите пријателки, меѓу кои беа и Sadie Frost и Lady Mary Charteris заминаа на опуштена вечера.