Семејството Кардашијан-Џeнер може да се пофали со милионско богатство. Познатите сестри имаат сè на дофат и можат да си дозволат сè што ќе посакаат – од луксузни автомобили, па сè до дизајнерски „крпчиња“ и парчиња накит. Ким Кардашијан во интервју за „Vouge“ кое го даде заедно со нејзиниот сопруг Канје Вест откри дека парите отсекогаш биле нејзиниот мотив, но пред сè, потребата да биде позната и популарна.
– Парите отсекогаш ми беа целта, но бев опседната со тоа да бидам славна, и тоа премногу опседната. Признавам дека славата може да прерасне во зависност, изјави Ким, а нејзиниот сопруг ја праша каков вид на слава посакува, со оглед на фактот дека има дури 147 милиони следбеници на Instagram.
-Дури и во најтешките и најтемните денови од мојот живот, не жалам што се изложив пред целиот свет. Со години луѓето споделуваа со мене колку тоа им помогнало за да се справат со некои нивни демони. Го сакам фактот дека имам глас и дека ми беше дадена можноста да бидам во очите на јавноста, иако од време на време посакувам да имам малку поголема приватност – искрено изјави Ким.