Без разлика дали ќе ги следите или припаѓате на групата која верува дека ерата на Кардашијан уништи многу вредности и лошо се одразува на милиони млади, едно е сигурно – тие се вистинска машина за правење пари.
Ова го докажа Ким Кардашијан, која вчера лансираше колекција со корсети за жени со сите облици и големини, и за само неколку минуту заработи два милиони долари.
Колекцијата „SKIMS“ беше пуштена во продажба, а сајтот беше блокиран поради преголемата посета, пренесува американскиот портал „TMZ“.