Кога ќе се спомене нејзиното име, покрај бујните облини, веднаш пред вашите очи замислувате бујна руса коса. Но, се случи и ова, Памела Андерсон повеќе не е русокоса.
Нејзината промена како бринета наиде на големо одобрување и радост на фановите.
Иако досега не изјавила дали ова е само привремено поради сликањето за новата насловна страница за странско списание, Памела целосно го освои машкиот пол со својот нов изглед.
Се нижат ласкави коментари на нејзиниот пост на Твитер, така што навистина се малкумина на оние кои веќе им недостасуваат русите локни на Памела.