Болката во рамената може да укажува на опасна болест

popara2 октомври, 20191min00
бр

Болни и отечени зглобови наутро, брз замор, губење на апетит, зголемено потење, чувство како да се разболувате се знаци кои не треба да се игнорираат.

Ревматоидниот артритис е хронично заболување што може да доведе до трајно оштетување на зглобовите, што значително го нарушува секојдневниот живот. Покрај тоа, постои опасност од значителен степен на инвалидитет по само неколку години.

Во раната фаза на болеста има повремени болки во мускулите, особено на рамената, вкочанетост на зглобовите и без видлив оток. После две години болест, повеќе од 60 % од пациентите се смета дека имаат неповратно оштетување на зглобовите.

Покрај зглобовите, оваа болест може да влијае на другите ткива и органи и се манифестира со појава на ревматоидни нодули, анемија, воспаление на пулмонално или срцево ткиво, оштетување на периферните нерви …Ревматоидниот артритис е почест кај жените, особено помеѓу четвртата и шестата деценија од животот. Жените се разболуваат три пати почесто од мажите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma