Дизајнерката Викторија Бекам ширум светот е позната по нејзиниот елегантен и софистициран стил. Во своите 45-години живот, таа сè уште мами многу погледи, а во медиумите често се појавуваат шпекулации за естетските интервенции кои наводно ги направила. Поранешната пејачка на „Spice Girls“ зборуваше отворено за пластичните операци во интервју за „This Morning“.
„Не сум подложна на хируршки корекции, но никогаш не велам никогаш“, таа цврсто ги отфрли медиумските тврдења. Последните години многу се пишуваше за неа, затоа што целосно го смени имиџот од почетокот на кариерата до сега. Ги извади екстензиите за коса, ја промени бојата на косата, престана да носи премногу шминка и ги отстрани силиконите од градите кои ги стави пред околу 20 години.
Потсетуваме, во разговорот за британскиот Vouge, Викторија искрено призна дека силиконите и биле голема грешка. „Ако би можела да се вратам назад во времето, ќе се посоветував да не си играм со моите гради. Тоа е единствената работа за која жалам. Повеќе немам силикони. Сфатив дека треба да бидам среќна сама со себе“, рече дизајнерката.