Во последните неколку недели, светските медиуми не престануваат да пишуваат за автобиографијата на Деми Мур и нејзината турбулентна врска со поранешниот сопруг.
Пред две години, светската јавност беше изненадена од сè уште непотврдената вест дека Деми Мур е во среќна врска со стилистот Маша Манџук, којa многу години работи во Америка.
Деновиве, среде скандалот што следеше по објавувањето на мемоарите на Мур „Inside Out“, американските и британските портали повторно почнаа да се интересираат за нивниот однос, тврдејќи дека Деми и Маша се заедно веќе три години, додавајќи дека актерката наводно ја посвоила ќерката на Маша, Руми!
„Се држат за раце, а Деми е како и втора мајка“, изјави извор за Mirror минатата година.
Маша, патем, беше една од првите кои јавно и честитаа на Деми за нејзината автобиографија. Стилистката објави фотографија на која позира со Деми и напиша: – Те обожавам и сум повеќе од горда на сè што си ти, чест е да бидам дел од твојот живот.