Кајли Џенер одговори на гласините за раскинувањето: Интернетот прави сè да изгледа 100 пати подраматично
Oд кога во светските таблоиди се појави вестa дека најмладата милијардерка во светот, Кајли Џенер раскина со Тревис Скот, со кого има ќерка, парот не даде никаков коментар, а како причина се појавија шпекулации за неверство што предизвика лавина озборувања…
Сепак, Кајли реши да ги извести своите обожаватели преку најмоќните медиуми во моментов – социјалните мрежи, што се случува во нејзиниот љубовен живот и дали е разделена со Тревис.
– Јас и Тревис сме во одлични односи и приоритет ни е Сторми! Нашето пријателство и нашата ќерка се наши приоритети – напиша Кајли Џенер на Тwitter.
И, тогаш се надоврза на озборувањата дека причина за раскинувањето е наводната афера на Травис, како и нејзината обновена романса со раперот Тајга.
– Интернетот прави сè да изгледа 100 пати подраматично отколку што навистна е. Немаше никаков „состанок со Тајга во два навечер“. Она што можевте да го видите е како ги однесов моите пријатели во студиото во кое тој случајно се наоѓаше “, додаде Кајли во новиот пост.