Актерката Анџелина Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит деновиве се главна тема заради старателството над своите деца Пакс, Нокс, Захар, Вивиен и Шајло.
Поточно, додека актерката се бори да го задржи примарното старателство, Бред Пит бара тие да бидат подеднакво вклучени во животот на нивните деца, при што странските медиуми наведуваат дека актерката најверојатно ќе ја изгуби оваа битка.
Поминаа три години откако актерката поднесе барање за развод од Пит, а тие сè уште не склучиле договор за поделба на старателството врз петте малолетни деца.
Од разводот, децата живеат со Анџелина, и покрај тоа што Бред минува се повеќе и повеќе време со нив, актерката сепак се обидува да ја има улогата на примарен родител.
– Малку е веројатно дека Анџелина ќе го задржи примарното старателство. Судот нема докази дека Бред е неподобен родител, нема докази за злоупотреба на деца или дрога и алкохол од страна на Бред, па затоа е малку веројатно судијата да не додели заедничко старателство – изјави калифорнискиот адвокат, Дејвид Пизар и додаде:
– Анџелина е многу неразумна. Бред е добар татко, тој се грижи за своите деца.