Британскиот пејач Пит Доерти, поранешен член на групите „Libertines и Babyshambles“ е повторно уапсен во Париз.
Рокерот беше уапсен минатата недела заради купување кокаин, а по ослободувањето од притвор излезе да прослави.
За време на прославата, поранешното момче на Кејт Мос предизвика тепачка со тинејџер кој се најде во истиот бар и повторно беше уапсен. Доерти (40) претходно беше уапсен во текот на ноќта меѓу четврток и петок, откако бил забележан од полицијата додека купувал два грама опојни супстанци.
Откако во 90-тите години се прослави, Доерти, поранешното момче на супермоделот Кејт Мос, често има проблеми со законот поради злоупотреба на дрога.