Војвотката Кејт Мидлтон полека останува без нејзините најблиски соработници.
Пред точно еден месец, нејзината „десна рака“, Софија Агнев (32), откако се врати од меден месец беше отпуштена од работа. Како што пишува британскиот печат, заминува и личната секретарка на Кејт.
Кетрин Квин, која веќе две години е најблизок соработник на војвотката , се повлече и после Божиќ повеќе нема да работи на функцијата.
Како причина за заминувањето не е наведено ништо прецизно, туку само желбата за нов почеток и напредок.
Кетрин беше одговорна за закажување и организирање на сите состаноци од планерот на Кејт, а двете имаа одлична соработка.
Принцот Вилијам и неговата сопруга се принудени да бараат нова личност на која ќе може Кејт да се потпре, а ние веруваме дека работата нема да биде лесна.