Иако се во брак веќе седум години, кој важи за еден од најхармоничните во светот на познатите, се чини дека не е сè идилично како што изгледа…
Џастин Тимберлејк (38), кој е во брак со актерката Џесика Бил (37) веќе седум години, беше снимен во еден бар додека разменуваше нежности со ѕвездата Алиша Вајнрајт (30)!
Странските медиуми објавија како Алиша го допир и гали Џастин по ногата.
Овој пар е снимен околу полноќ во еден бар во Њу Орлеанс, каде се релаксираа во паузите од снимање на филмот Палмер, во кој играат – љубовници.
Извор на британскиот магазин „The Sun“ кој се наоѓал во близина тврди дека Тимберлејк бил под дејство на алкохол и едвај можел да застане на нозе.
„Во еден момент тој ја фати нејзината рака и ја стави на коленото, а таа нежно го галеше по ногата“, рече изворот.
Пејачот и актер кој е во брак со убавата Џесика Бил, го доби синот Силас (4) и досега не е познато дека бил склон кон неверство.