Дали знаете колку жените знаат за репродуктивното здравје?

popara25 ноември, 20191min00
ж

Според резултатите од една американска студија, не многу … Жените често не ги знаат најосновните факти за сексот, плодноста, бременоста и нивното репродуктивно здравје, покажало истражувањето од американскиот универзитет во Јеил.

Во online истражувањето учествувале 1.000 жени на возраст меѓу 18 и 48 години. Само една од десет знаеше дека сексот е потребен пред овулацијата, а не потоа за да ги подобри шансите за забременување, според студијата објавена во весникот „Fertility and Sterility“.

Повеќе од третина од анкетираните веруваат дека со одредени пози во сексот, како што се кревање на колковите, можат да ги зголемат шансите за забременување, пренесува АФП. Околу 40% од жените веруваат дека нивните јајници постојано произведуваат нови јајца.

„Оваа заблуда е загрижувачка затоа што живееме во општество во кое жените постојано ја одложуваат бременоста“, рече коавторот на студијата, Лувна Пал, професорка по гинекологија и репродуктивни науки од Јеил.

Околу 50% од жените никогаш не разговарале со својот лекар за нивното репродуктивно здравје. Околу 30% од нив никогаш не отишле на годишен преглед. Кога станува збор за здравјето за време на бременоста, половина од нив не знаат дека треба да земат фолна киселина за да спречат аномалии кај новороденчето.

1/5 не знаеја дека со годините се зголемива ризикот од спонтан абортус, неплодност и абнормалности на фетусот.

„Студијата, од една страна, ги покажува огромните празнини во знаењето на жените за нивното репродуктивно здравје, а од друга, ја потенцира загриженоста за жените кои не дискутираат со своите лекари“, рече д-р. Илуси, професорка во Јеил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag