Актерот Лиам Хемсворт ја претстави својата нова симпатија пред своите родители, што очигледно значи дека е повторно подготвен да и даде шанса на љубовта …
Лиам Хемсворт (29) конечно реши да и ’даде нова шанса на љубовта и да го отвори срцето по разводот … Така, бразилската убавица, која инаку работи како манекенка, Габриела Брукс ја запозна со своите родители Крег и Леони на плажата Бајрон Беј во Австралија.
21-годишната девојка ги фасцинирала неговите родители, а на средбата, заедно поминале одлично време. Лијам и Мајли се венчаа во тајност за Божиќ минатата година, а седум месеци подоцна, тие сфатија дека стапувањето во брак не е добра идеја и најавија дека се разведуваат.
„Нивниот брак беше предолго токсичен. Тие не се создадени еден за друг“, изјави извор близок до неговото семејство за медиумите. Неговото семејство го подржува неговиот нов почеток бидејќи долго време беа загрижени за него.
Со години, тие го молеа актерот да прекине каков било контакт со пејачката со која беше во љубовна врска, со раскинување и помирување 10 години. По разводот, Лиам го поврзуваа со некои други убавици. Пред два месеци, тој во Њујорк се прошета држејќи ја раката на Медисон Браун, актерка помлада од него шест години и исто така по потекло од Австралија.