Опуштете се и покажете му кој е шеф во креветот, затоа што мажите не сакаат да ја завршат целата работа, а жените кои знаат да преземат иницијатива, едноставно ги обожаваат.
Преземање иницијатива
Невозможно е да не се забележи кога жените не се премногу заинтересирана или не се во идеално расположение за секс, а кога се, не оставаат таков впечаток. Мажите повеќе пати се имаат изјаснето дека уживаат во односите со жени кои не се срамат и не се плашат да признаат колку уживаат, а уште повеќе ги возбудуваат жените кои отворено преземаат иницијатива и / или ја контролираат ситуацијата.
Движења на телото
Вкочанетоста и срамежливоста не се пожелни во креветот, но сензуалноста е фактор кој придонесува за возбудата. „Активирајте го целото тело, па така ќе видиме дека сте возбудени што сте со нас“, откриваат момците. Заборавете на срамот. Сексот е за уживање!
Поглед
Контактот со очи или посматрање на неговото тело и тоа како е пожелно. Од друга страна, избегнувајте да гледате надолу, да го мерите сопственото тело или да гледате наоколу. Ова се знаци на сомнеж, несигурност, па дури и досада и во никој случај не се пожелни.
Грижа за телото и секси долна облека
„Тоа не ни е приоритет, но ако сте се потрудиле за нас, тоа ни открива дека претходно сте размислувавте за секс, а нам ни е многу драго да го видиме и слушнеме тоа“, признаваат мажите. Миризливо, меко и мазно тело е секогаш плус, а уште ако сте го спакувале во секси долна облека, целосно ја губат главата!