Никој од нас не ја заборава познатата серија „Sex And The City“ и нашата омилена Кери Бредшо. Знаеме дека вие сте едни од оние легендарните епизоди ги знаат напамет, па затоа добро се сеќаваме на нејзиниот крај и на сцената каде Кери Бредшо носи две различни чевли.
За тоа многу се зборуваше, како во странските, така и во домашните медиуми, и се поставуваше вечното прашање: какво е значењето на оваа сцена и која порака требаше да ни ја пренесат двете различни чевли.
Овој пат, Сара Џесика Паркер ни разбуди носталгија за серијата и кој би рекол дека нејзината колекција чевли ќе изгледа токму вака?
Поточно, актерката во соработка со Инстаграм прогилот Every Outfit on Sex and the City, дизајнираше пар чевли, од кои едната е во розова, а другата во жолта боја.
Да не заборавиме дека Кери Бредшо со таа сцена започна нов тренд, а сега им овозможи на сите девојки да го повторат. Цената на овие чевли е 385 долари.