Драмата меѓу поранешните сопружници, 56-годишниот Џони Деп и 33-годишната Амбер Херд трае со години. Поточно, турбулентната врска и бракот завршија со расправија во судот, каде актерот тврди дека неговата поранешна сопруга со години физички го малтретирала, а сега се чини дека приказната доби ново продолжение. Во интервју за таблоидот „Бласт“, поранешната асистентка на актерката, Кејт Џејмс, зборуваше отворено за менталниот и вербален мобинг што го преживувала скоро секој ден додека работела за Амбер.
„Понекогаш беше толку бесна што никој не можеше да ја вразуми, а ситуацијата ќе се влошеше секогаш кога ќе се обидев да ѝ понудам разумно објаснување“, открива Кејт и додаде дека поранешата шефица за која работеше три години успевала да ја донесе до солзи. „Мене ме обвинуваше за секој проблем во нејзиниот живот. Се сеќавам дека на Божиќ 2012. година ми се јави од аеродромот и ми викаше со часови затоа што задоцнила за авионот и ситуацијата беше уште полоша затоа што моето семејство од Австралија дојде да ме посети “, рече поранешната асистентка на актерката.
Потсетуваме, наведената драма се одвивала додека актерката беше во врска со Џони Деп. Двојката се раздели во мај 2016. година, кога актерката побара развод по 15 месеци брак, а во барањето за развод, таа го обвини Деп за насилство што кулминирало во мај, кога актерот, наводно ѝ го фрлил мобилниот телефон во лице и кршел предмети во станот. Во месеците што следуваа, поранешните сопружници продолжија со обвиненијата еден против друг, а некои од најбизарните секако беа оние во кои Џони тврдеше дека Амбер го удрила со стаклено шише, му го пресекла прстот и наводно му изгаснала цигара на образот, додека таа тврди декатој ја тепал, влечел за коса и ја давел.