За децата можат и мораат сѐ: Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно, а еве што ги спои

popara11 март, 20202min00
bitt

Иако тие веќе не се заедно и поминаа низ еден повеќе од бурен развод, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит привремено ги закопаа воените секири. Причината, се разбира, се нивните деца.

Нивните ќерки Захара и Шајло (13) имаа операции оваа година – Шајло имаше операција на колкот, а сè уште не е познато какви здравствени проблеми имала Захара (15). Во секој случај, Анџелина за „Time“ потврди дека девојчињата се чувствуваат добро.

Извори блиски на семејството потврдија дека заедно покрај своите ќерки, бил и Бред Пит.

Кога во февруари ги пропушти наградите БАФТА во Лондон, се шпекулираше дека актерот останал во Америка затоа што сакал да помине време со својот син Медокс, кој тогаш се врати дома од Јужна Кореја, каде што студира. Меѓутоа, сега медиумите пренесуваат дека ова е само една причина затоа што една од девојчињата се оперирала во тоа време и Бред сакал да биде со неа.

Целото семејство беше многу вклучено во нивното закрепнување и се обиде да им ги олесни тие денови, особено останатите браќа и сестри.

– Тие беа трпеливи и подготвени да помогнат. Донесоа карти и играа, се гледа дека се многу блиско семејство – изјавил изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag