Познатиот оскаровец и сопругата се позитивни на коронавирус

12 март, 20200
sfd

Меѓу првите светски ѕвезди кои се заразени со новиот вирус е познатиот оскаровец.

Актерот Том Хенкс им се обрати на своите обожаватели на Инстаграм за да им каже дека тој и неговата колешка и сопруга Рита Вилсон се во карантин поради дијагнозата што овие денови го тресе целиот свет.

– Здраво луѓе. Јас и Рита сме во Австралија. Се чувствувавме уморни, бевме преладени и имавме болки. Рита имаше треска што се појавуваше и губеше. Малку и температура. За да бидеме одговорни, што е токму она што му треба на светот во моментов, се тестиравме за коронавирус и откривме дека сме позитивни. Па … што сега? Мора да се следат официјалните протоколи. Ние Хенкс ќе бидеме тестирани, набљудувани и во изолација онолку долго колку што е потребно. Одиме ден по ден, нели? Чувајте се – напиша актерот.

Легендарниот оскаровец беше во Австралија за снимањето на филмот „Elvis“, а студиото на „Warner Bros“, кое стои зад ова остварување претходно објави дека член на тимот е заразен со коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi