Драма во дворецот! Кралицата му нареди на Чарлс: „Мораш да се разведеш од Камила“

popara25 март, 20201min00
k

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила наскоро ќе ја прослават 15-годишнината од нивниот брак, кој, барем од надвор, е стабилен и среќен. Но, ако веруваме во пишувањето на таблоидот Globe, работите не се како што изгледаат. Имено, споменатиот таблоид истакнува дека во нивниот брак вмешала прсти ни помалку ни повеќе – кралицата Елизабета, која сака нејзиниот син да се разведе од Камила.

Британските медиуми пишуваат дека кралицата го изгубила целото трпение во старите времиња, а Камила никогаш не и се допаѓала, па затоа сега сака Чарлс да ја напушти по секоја цена. „Елизабета сака да ги реши сите семејни скандали пред таа да умре, а врската на нејзиниот син со Камила, со која, наводно, бил во тајна врска долги години, секако била и останува контроверзна“, рече извор на кралскиот дворец кој додава дека војвотката од Корнвол нема да се предаде без борба.

„Во случај на развод, таа ќе бара отштета од 180 милиони фунти“, откри истоимениот извор, потенцирајќи дека тоа не било сè. „Камила исто така рече дека во овој случај ќе бара сите детали за разводот да бидат достапни за јавноста, а тоа е  нешто што круната сака да го избегне по секоја цена“, продолжува изворот. Како и да е, треба да се истакне дека главните актери сè уште не одговориле на наводите, па затоа не е можно со сигурност да се каже колку има вистина во нив. Потсетуваме, оваа вест доаѓа од пред помалку од еден месец откако Чарлс наводно и се заканил на Камила со развод ако не посети пластичен хирург.

Поточно, National Enquirer во февруари напиша дека 71-годишниот принц се обидувал да ја наговори својата сопруга да оди на пластична операција. Поради ова, Камила планира да потроши вртоглави сто илјади долари, се со цел да биде во  „ранг на нејзината гламурозна снаа“. „Чарлс ги спореди Кејт и Меган со неговата сопруга и го обзема љубомора“, откри неименуваниот извор близок на овие сопружници, додавајќи дека ова го поттикнало Чарлс да и даде ултиматум на својата драга: „Ако не одиш под нож, нашиот брак ќе заврши “.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag