Упатство за однесување на жените за време на Корона пандемија :))) оригинално нема што :)

popara1 април, 20201min00
малезија

Малезиското Министерство за семејство, на Фејзбук објави упатства за жени кои работат од дома за време на карантин поради корона вирусот, па затоа ги советуваат да бидат убаво облечени, нашминкани и да се однесуваат како што би се однесувале на работа.

„Тоа вклучува пристоен разговор со сопрузите, а ги исклучува саркастичните коментари или задевањето што не се препорачуваат во овој период“, пренесува Free Malaysia Today.

Жените исто така не треба да влегуваат во дискусии и расправии со сопрузите кои не сакаат да ги извршуваат домашните обврски, а ако мажите одлучат да им помогнат, жените мора убаво да им објаснат што да прават без иронични коментари.

Со сето она што е кажано, се препорачува жените додека разговараат со своите сопрузи да го имитираат гласот на Доремон, лик од јапонски манга филмови.

Соопштението предизвика бес кај здруженијата за женски права во Малезија, кои го осудија ваквиот потег на владата, нарекувајќи го дискриминаторски и погубно за општеството.

Во моментов Малезија е рангирана на 104-то место во однос на родовата еднаквост во светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag