Престижното модно списание ја препозна важноста за споделување бесплатна содржина во услови на криза кога движењето е ограничено и ни останува да се забавуваме помеѓу четири ѕида.
Во ова прилично фрустрирачко време, кога сите треба да бидеме во сопствените домови, не ни останува ништо друго освен да смислуваме начини како да се забавуваме и да не полудеме од здодевност. Ова е причината зошто многу филмски, видео и театарски компании, музеи, готвачи и музичари ја нудат својата содржина бесплатно, а на нив им се придружува и британскиот Vogue. Ова престижно списание одлучи да ги почести сите љубители на модата и убавината со бесплатно дигиталното издание на мај.
„Ако има време за доза креативна дистракција и забава, тоа е сега“, напишаа на објавата на Инстаграм. Најновото издание ќе биде достапно на Интернет во петок, 3 април 2020. година и е прилагодено за читање на персонални компјутери, таблети, iPhone и Android.
Секој што сака да ужива во неколку одлични содржини на Vogue, треба да се претплати на нивниот список ОВДЕ за да добиете потсетник и упатства за преземање на бесплатното издание со Ријана на насловната страница.