Велигденска прослава оваа година се очекува да биде во рамките на домот, но поскромна од минатите години заради пандемијата на корона вирусот. Но тоа не треба дa ве спречи во желбата да имате убави украси и цветни аранжмани кои што ќе ја разубават вашата фамилијарна атмосфера.
Добра вест! За да создадете креативни украси, потребна ви е само добра идеја бидејќи сите потребни работи веќе ги имате во својот дом. Во велигденскиот периот посебно се популарни гранчињата цимет, пролетните лалиња и цвеќињата кои што се во весели и силни бои.
Послужете се со следниве идеи за да аранжирате ваши велигденски украси.
Рециклирајте теглички, шишенца и лименки
Може да направите убав аранжман со предмети кои што веќе ги имате во вашиот дом – рециклирајте стаклени шишенца и теглички и пополнете ги со омилените цветови. Можете исто така да искористите стаклена винска чаша наместо вазна.
Уживајте во вашата омилена чаша за кафе
Вашата омилена чаша за кафе искористете ја за во неа да посадите мал кактус, кој што ќе ве расположува особено ако е со цветчиња во светла боја.
Искористете ги велигденските јајца
Пронајдете инспирација за цветни аранжмани во велигденските јајца. Одстранете ја горната обвивка на јајцето, ставете малце земја и посадете пченични никулци.
Направете оригами цвеќе
Доколку во домот немате свежо цвеќе, земете тенок лист хартија (доколку имате во некоја светла боја), искористете ја креативноста и направете го вашето омилено цвеќе!
Вметнете цвеќиња на креативни места
Наместо вазна, можете да искористите керамички сад од млеко, лимена конзерва, а можете да се послужите и послужавник за сервирање на појадок во кревет. Бидете креативни, играјте и помислете на имагинативни комбинации.