Лавос Бал е дело на уште еден унгарски научник и визуелен уметник Јанош Шаболц, кое има иста цел како Рубиковата коцка: потребно е да се усогласат видливите полиња и да се наредат според боите…
Лавос Бал е новата Рубикова коцка. Поточно, тоа е нова тродимензионална играчка во форма на топка која помага во развојот на просторниот вид и ја подобрува способноста за логичко размислување.
Рубиковата коцка е измислена од унгарскиот професор по архитектура Ерно Рубик во 1974 година. За кратко време стана светски позната, а денес се продадени повеќе од 350 милиони примероци.
Лавос Бал во моментов е во фаза на патентирање, а Шаболц се надева дека производството за поширока употреба ќе започне наскоро. Погледнете на видеото како Лавос Бал изгледа во движење.