Зошто не треба да носите контактни леќи за време на епидемија на корона вирус!
Лицата со оштетен вид кои практикуваат да носат контактни леќи треба да размислат за својот избор додека трае епидемијата на корона вирус. Поточно, тие се изложени на поголем ризик да го внесат вирусот во организмот преку леќите, па така во моментов многу подобар избор се очила со диоптер.
Преку прстите, солзите или капките, ако се заразени, вирусот се пренесува преку окото, а луѓето кои носат леќи на тој начин несвесно почесто го допираат овој дел од лицето.
Носењето на очила ја намалува можноста за иритација на очите, а самите очила се бариера за несвесно допирање на очите.
Меѓутоа, ако немате очила и сè уште треба да носите леќи, обрнете посебно внимание на хигиената на рацете. Препорачливо е ноктите да бидат кратки и мора да го менувате пешкирот со кој ги бришете рацете пред да ги извадите и ставите леќите.
Исто така, обрнете внимание на темелно чистење на леќите пред секоја употреба, како упатството кое ви го даде вашиот очен доктор.