Пејачката Кети Пери на својот Инстаграм профил, на интересен начин го откри полот на своето прво дете, што го очекува со својот вереник, актерот Орландо Блум.
„Девојче е“, напиша 35-годишната пејачка, во описот под фотографијата на која нејзиниот вереник позира намачкан со розев шлаг.
Пред само неколку дена, пејачката во едно интервју рече дека се надева дека носи девојче, а нејзините желби очигледно се оствариле. Голем број фанови и ја честитаа добрата вест.
Кети се врати во САД пред неколку недели од Австралија, откако помина еден ден затворена во нејзината хотелска соба од страв од коронавирус. Дека е бремена, таа откри во својот последен спот пред околу еден месец.
Кети и Блум, наводно, планираат да ја одложат свадбата, која требаше да се одржи ова лето, затоа што не се сигурни за времетраењето на пандемијата на коронавирусот, и не сакаат нивните пријатели и семејство да бидат изложени на ризик.