Новинар тврди дека изгубил 6 килограми за 3 дена заради корона, ги опишал и останатите симптоми

popara4 април, 20201min00
Chris-Cuomo-CNN

Откако во вторникот објавил дека е позитивен на коронавирус, новинарот од CNN, Крис Куомо открил детали за болеста од која е на домашно лекување. Тврди дека за само три дена изгубил шест килограми.

49 годишниот новинар се самоизолирал во подрумот и објаснил дека со своите видеа не сака да ја исплаши јавноста, туку дека искрено сака да покаже што може да предизвика вирусот.

“Јас сум крупен маж. На почетокот имав 104 килограми. Сопругата ме хранеше како да сме на почеток од врската. Јадам и пијам константно, но се потам цело време”, изјавил Куомо, кој е брат на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Додава и дека за ублажување на симптомите му помогнала и пилешка супа, но истакнува и дека луѓето не треба да бараат магичен лек на интернет.

“Измислени апчиња и тоници, луѓето продаваат толку многу лаги, а очајните ги купуваат, но ништо од тоа не делува. Нема докази дека нешто од тоа е делотворно и мораме да бидеме внимателни”, предупредил Куомо.

Тој има температура околу 38,3 степени, главоболки и матен вид.

“Никогаш не сум почувствувал нешто слично. Цело време ме боли телото и загрижен сум затоа што не можам да преземам ништо околу тоа”, кажал во средата, еден ден по објавата дека има позитивен тест на Ковид-19

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma